Мет Гала оваа година привлече бројни познати личности кои изненадија со својот изглед, а една музичка ѕвезда речиси никој не ја препозна поради неверојатната трансформација. Можете ли да го препознаете?
Станува збор за порториканската ѕвезда Бед Бани. Имено, 32-годишниот пејач се појави на Мет Гала речиси непрепознатлив, со изглед со кој самиот себеси се остари за неколку децении. Тоа е во целосна спротивност со неговиот младешки настап на полувремето на Супербоул претходно оваа година. Додека повеќето го паметат неговиот историски настап на шпански јазик, неговото издание на Мет Гала беше целосно поинакво. Намерно се остарил за речиси половина век за да прошета по тепихот, пишува „Unilad“.
Музичарот, со вистинско име Бенито Антонио Мартинес Окасио, го сокрил својот младешки изглед зад слоеви протетика. Трансформацијата го претворила во постар маж со бела коса и брчки. Со овој изглед одговори на овогодишната тема на изложбата на Костимографскиот институт, која истражува различни типови на тело. Промената не била случајна, туку внимателно осмислена за да го следи концептот на вечерта.
Зад трансформацијата стои Мајк Марино, познат по впечатливите маски и костимографија за Хајди Клум за Ноќта на вештерките. Секоја брчка, опуштена кожа и старечка дамка биле рачно обликувани во соработка со пејачот. Посебен акцент бил ставен на тоа како протокот на времето природно би влијаел на неговото лице, врат и раце. Резултатот е детален и уверлив изглед кој привлече големо внимание.

Ова издание се разликува од неговите претходни појавувања на Мет Гала, каде носеше сè – од светкава кожа до волуменозни фризури. Без разлика на темата, пејачот редовно избира изданија што предизвикуваат реакции и дискусии. Овојпат комбинираше протетика со црн смокинг по мерка, кој го дизајнираше во соработка со „Zara“. Јаката со лептир-машна беше посвета на фустанот „bustle“ на Чарлс Џејмс од 1947 година.
Иако настанот е гламурозен, зад сцената владеат строги правила до кои сите гости мора да се придржуваат. Селфи фотографии се забранети, а таа одлука ја донесе Ана Винтур уште во 2015 година за настаните да останат приватни.
Одредена храна исто така е забранета, а Ана Винтур во 2024 година потврди: „Па, тоа се три работи што јас не ги сакам, и да, тоа е вистина“. Распоредот на седење строго се планира, а како што објасни Силвана Вард Дурет: „Многу се размислува за тоа кој седи покрај кого, дали седеле заедно минатата година, дали седеле еден до друг на други настани. Толку многу работи се земаат предвид, што е шокантно“.
Исто така, пушењето е забрането, а постои и старосно ограничување според кое лица помлади од 18 години не можат да присуствуваат на настанот. Сепак, оваа година тоа правило беше прекршено бидејќи Никол Кидман и Бијонсе ги донесоа своите малолетни ќерки.

