[ФОТО/ВИДЕО] „Непочитувачки и без стил“, коментираат фановите: Холивудскиот заводник „цвета“ покрај новата избраничка

Супермен

06/05/2026

08:20

1.037

Големина на фонт

а а а

Хју Џекмен не сакаше да ја пропушти Мет Гала, на која присуствуваше со својата нова девојка Сатон Фостер, па набрзо почнаа немилосрдните коментари.

Парот пристигнал заедно држејќи се за раце, а многумина ова доаѓање го дочекале „на нож“ затоа што сметааат дека Џекмен нималку не ја почитува својата поранешна сопруга Дебора Ли Фурнес. 

„Непочитувачки и без стил“, беше описот што му беше даден на Џекмен на социјалните мрежи, а неговата девојка не се снајде ништо подобро.

Сатон Фостер се најде на листата на модни неуспеси на Мет Гала, бидејќи нејзината облека беше премногу едноставна.


Сепак, ова не ја наруши нејзината љубовна идила во која ужива веќе некое време. Да потсетиме, Хју Џекмен беше во брак 27 години, но тоа заврши кога го запозна Сатон на снимањето на мјузикл.


Очигледно, тие почнале да се забавуваат додека тој сè уште бил во брак со Дебора, па тоа е уште една причина зошто овој пар никогаш нема да добие претерано позитивни реакции.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk