Кога заморот е знак за тревога? Лекарка објаснува на што треба да внимавате

Точка

07/05/2026

17:33

423

Големина на фонт

а а а

Заморот е честа појава, но докторката Пунам Кришан предупредува дека понекогаш не треба да се игнорира. Гостувајќи во емисијата „Morning Live“, таа ја објаснила разликата меѓу „нормален замор“ и исцрпеност која може да укажува на здравствен проблем, пишува „Express.co.uk“.

„Зборувам за онаа состојба кога се чувствувате целосно исцрпено и скршено, без разлика колку одморате, а не знаете зошто постојано сте уморни“, изјавила докторката.

Таа додала дека причината може да биде недостаток на витамини, ниско ниво на железо, проблеми со тироидната жлезда или шеќерот во крвта, но и посериозни заболувања.


Многу луѓе го одложуваат одењето на лекар и ги игнорираат симптомите

Д-р Пунам нагласила дека кај долготраен замор е важно да се направат крвни анализи и лекарски преглед.

Британскиот „NHS“ препорачува посета на лекар доколку исцрпеноста трае со недели без јасна причина, го попречува секојдневниот живот или е поврзана со симптоми како необјаснето губење на тежина, промени во расположението, гласно ’рчење или задушување за време на спиењето.


Докторката предупредила и на други алармантни знаци, вклучувајќи грутки, крварење и долготрајна кашлица.

Особено ја загрижува тоа што многу луѓе го одложуваат одењето на лекар и ги игнорираат првите симптоми на болест.

„Понекогаш ми доаѓаат пациенти и велат: ’Ах, тоа почна пред шест месеци‘. Знаете што, ако ни се јавевте пред шест месеци, исходот од лекувањето можеше да биде значително поинаков“, предупредила таа.


Исто така, упатила посебен апел до жените и лицата кои се грижат за други луѓе, бидејќи често сопственото здравје го ставаат на последно место.

„Колку порано реагираме, колку побрзо ги препознаеме почетните симптоми и преземеме соодветни чекори, толку исходот за нас ќе биде подобар“, заклучила докторката.