Папата Лав привлече внимание со својот моден избор. Имено, во трејлерот за документарниот филм „Leo in Rome“ („Leone a Roma“) на „Ватикан њуз“ се појавил во Најк патики, по што следуваа реакции на социјалните мрежи.
Многу корисници на Икс, особено припадниците на генерацијата З, го пофалиле неговиот моден избор коментирајќи дека очигледно ги следи модните трендови.
„Кој вели дека папата не може да биде кул?“, „Паоло Сорентино никогаш не можел да замисли вакво нешто“, „Човек може да го напушти Чикаго, но Чикаго никогаш не го напушта човекот“, се дел од коментарите.
Станува збор за постара фотографија, а трејлерот за споменатиот документарец можете да го погледнете во продолжение.
„Leo in Rome“ е нов документарен филм на ватиканските медиуми, кој ги следи речиси двете децении што тој ги поминал во Рим пред да стане папа.
Продуциран по повод првата годишнина од понтификатот, филмот собира сведоштва, фотографии и лични сеќавања на неговите пријатели, браќа, свештеници и семејства кои го следеле во различни фази од неговиот живот.