Меките и сластни компирчиња ни даваат многу можности да подготвиме едноставни, но фантастични јадења, а ова е едно од најбрзите и најубави.
Штом на пазарите се појават младите компирчиња, почнува сезоната на едноставни и вкусни пролетни јадења кои потсетуваат на домашна кујна.
Ситните, но заситни компирчиња кои главно не мора ни да се лупат се меѓу омилените состојки за ручек во ова доба од годината затоа што брзо се подготвуваат, имаат нежна текстура и одлично се комбинираат со разни зачини, месо и свежи зачински билки.

Доколку ги комбинирате со сланина и ароматични зачини, најобичните млади компирчиња се претвораат во мало гурманско задоволство кое со мирисот ќе го освои цел дом.
Состојки:
Околу 700 грама млади компирчиња;
1 лажичка ким;
1 лажичка ситно сечкан магдонос;
200 грама тенко сечкана сланина;
Сол по вкус;
Малку путер.
Подготовка:
1. Излупете ги младите компирчиња. Доколку се поголеми исечете ги на половина или на четвртинки.
2. Ставете ги во посолена вода, додадете им ким и варете околу 25 минути, додека не омекнат. Потоа исцедете ги и оставете ги кратко да се изладат.

3. Потоа секое компирче завиткајте го во тенка сланина и прицврстете со чепкалка за заби за да не се одмота во текот на подготовката. Посипете со сечкан магдонос, па кратко пропржете ги на путер додека сланината не стане крцкава и златна.
4. Послужете додека е топол, со сезонска салата или омилениот сос.
На здравје!






