Атрактивната италијанска спортска новинарка Маријалуиса Јакобели уште еднаш ја оправда титулата на една од најзгодните жени во светот на фудбалот. Таа на својот Инстаграм профил сподели серија фотографии кои ги оставија нејзините следбеници без здив, а во прв план беше нејзиното провокативно топлес издание.
Маријалуиса, која поради цртите на лицето и облините често ја споредуваат со славната Ким Кардашијан, позираше без горен дел од облеката, но еден специфичен детаљ на нејзиното тело предизвика лавина коментари.
Имено, на нејзиниот грб јасно се видливи траги од „капинг“ (cupping) – популарна метода на алтернативна медицина која се користи за ублажување на напнатост во мускулите и вкочанетост, а која ја користат и бројни врвни спортисти.
Оваа убавица им е добро позната на љубителите на фудбалот ширум Европа. Често известува од најважните натпревари во Серија А и Лигата на шампионите.

Нејзината последна објава за кратко време собра десетици илјади лајкови, а коментари како „Најубавата жена на светот“, „Божица“ и „Италијанско совршенство“ само се нижеа.
Да потсетиме, Јакобели претходно беше поврзувана и со некои од најпознатите фудбалери на денешницата, но таа вешто ја крие својата приватност, додека фановите редовно ги „почестува“ со жешки кадри од теретана и од луксузни дестинации.










