[ФОТО] Што да садите во урбани средини, кои видови растенија успеваат и од каде да ги набавите?

Точка

12/05/2026

10:33

578

Големина на фонт

а а а

Доколку отпадот го селектираме и соодветно го депонираме, доколку водата и електричната енергија ги трошиме рационално, доколку сите вложиме малку повеќе време и ентузијазам во садење растенија и грижа за зелените површини, градовите би станале многу позелено и поубаво место за живеење.

Секое дрво е мал придонес кон голема промена. Би имале повеќе сенки на улиците и парковите, помалку прашина и загаденост, подобар квалитет на воздухот, повеќе пејзажи што повикуваат на прошетка, одмор и дружба, помалку бетон и асфалт, и повеќе живот и боја во нашиот живот.


Што да садиме во градска средина? Неколку видови дрвја и грмушки и перени што добро се приспособуваат на урбани услови, а не бараат премногу грижа. Ова се советите од ФОЈА!

Во градовите листопадните дрвја треба да имаат предност пред преостанатото зеленило доколку просторот е ограничен, бидејќи со нивната крошна некоку пати повеќекратно ја зголемуваат зелената површина во волумен. Како на пример : Јавор, Бреза, Даб, Габер, Јеребика, Бука, Трепетлика и многу други видови кои се отпорни на екстремни климатски влијанија и за соодветната позиција секојпат постои вид што ги поседува потребните карактеристики.


Што да садите под сенка, а што на сончеви позиции?

Од грмушки цветните и бујни Форзиции, Спиреи, Јасминиуми, Бербериси преку Хортензиите и Будлеите кои имаат убави цветови, добро успеваат на сонце, во полусенка и со помалку вода. Па перените (трајните цветници), лаванда, рузмарин, божур... Од грмушки цветните и бујни Форзиции, Спиреи, Јасминиуми, Бербериси преку Хортензиите и Будлеите кои имаат убави цветови, добро успеваат на сонце, во полусенка и со помалку вода. Па перените (трајните цветници), лаванда, рузмарин, божур...и секако оваа пролет тука е богатата медитеранска палета на ретки и егзотични растенија.

Во градинарскиот центар ФОЈА ве чекаат над 470 различни видови растенија, во разни форми, бои и големини. Има за секого по нешто. Одберете го најубавото растение ! А кое е тоа ? Најубавото растение е здравото, со бујна зелена и раскошна крошна. Тоа се карактеристиките на секое едно кое ќе го одберете, само доколку биде посадено на соодветна позиција и барем минимално ја добие потребната грижа! Затоа првенствено одберете соодветен вид за вашите услови и можности па потоа анализирајте ги декоративните својства.


Корисни ефекти од растенијата?

Независно колку ни се познати секојпат е корисно да ги повториме најесенцијалните: Апсорбираат јаглерод диоксид (CO₂) и многу други штетни гасови, прашина и токсини од воздухот. Ослободуваат кислород. Произведуваат плодови. Нивните корења спречуваат ерозија на почвата и помагаат во задржување на водата.


Зелената лисна маса ја апсорбира топлината и ја разладува околината. Позитивно влијаат врз психичкото здравје. Престојот во природа или грижата за растенија може да го намали стресот и да ја подобри концентрацијата и расположението. Со садење не само што придонесуваме кон средината, туку го креираме и нашиот интимен простор и имиџ...


Комерцијален текст