[ВИДЕО] Мотор по неверојатна несреќа останал да виси на семафор: Надзорна камера откри како се случило тоа

Точка

12/05/2026

13:36

1.144

Големина на фонт

а а а

Моторот по несреќата останал да виси на семафор.

Мотор останал да виси на семафор по неверојатна сообраќајна несреќа што се случила во саботата попладне во канадскиот град Ванкувер.

Снимката од надзорната камера открила и како моторот завршил на семафорот. Возачот на крстосница налетал на автомобил кој од спротивната насока свртувал лево.

Мотоциклистот по судирот прелетал над автомобилот и завршил на коловозот, додека моторот бил оттурнат високо во воздух, се завртел неколку пати и останал да виси на семафорот.

Канадската полиција соопшти дека возачот на мотоциклот бил пренесен во болница со тешки, но не и животозагрозувачки повреди.