[ВИДЕО] Шокантни сцени од Русија; Изгоре голем туристички комплекс во Москва

Макфакс

13/05/2026

13:49

1.042

Големина на фонт

а а а

Во Москва избувна силен пожар во туристичкиот комплекс Измаиловски Кремљ, лоциран на исток од градот, што предизвика голема материјална штета. Засега не се познати причините за пожарот ниту информации за жртви, додека локалните жители известуваат за делумно урнат објект во комплексот.

Голем пожар избувна синоќа во туристички комплекс во Москва, како што објавија руските медиуми на Телеграм. Според првичните информации, пожарот го зафатил комплексот Измаиловски Кремљ на истокот од градот, пишува „Киев Индепендент“.

Станува збор за културно-забавен центар чија архитектура го имитира стилот на Московскиот Кремљ. Се вели дека пожарот зафатил површина од повеќе од 3.000 квадратни метри. Локалните жители известуваат дека делот од зградата во кој се наоѓала „escape room“ се урнал откако пожарот целосно ја зафатил.

Причината за пожарот засега е непозната, а нема информации за можни жртви. „Киев Индепендент“ забележува дека не можел независно да ја потврди точната локација на пожарот.