[ФОТО] Зеленски: 205 Украинци се дома

Макфакс

15/05/2026

10:00

191

Големина на фонт

а а а

Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави дека 205 Украинци од вооружените сили, Националната гарда и Државната гранична служба се ослободени од руско заробеништво во првата фаза од размената 1.000 за 1.000, со што започна враќањето на војниците дома.

Денес, војници на вооружените сили на Украина, Националната гарда и Државната гранична служба се враќаат од руско заробеништво. Ова е првата фаза од размената 1.000 за 1.000, објави на социјалните мрежи, украинскиот претседател Володимир Зеленски.

„Меѓу ослободените има војници, наредници и офицери. Повеќето од нив се во руско заробеништво од 2022 година. Тие ја бранеа Украина во Мариупол и Азовстаљ, во насоките Донецк, Луганск, Харков, Херсон, Запорожје, Суми, Киев и нуклеарната централа Чернобил.

Благодарност до сите што работат на враќање на нашите луѓе дома, пред сè на нашите војници кои го надополнуваат фондот за размена за Украина и на нашиот тим. Благодарност до сите партнери што помагаат во ослободувањето на Украинците од заробеништво. Да продолжиме да се бориме за секој што е сè уште во заробеништво“, додаде Зеленски.