Алкарас: Не се согласувам со Ѓоковиќ, не сум…

Дерби

15/05/2026

11:28

2.850

Големина на фонт

а а а

Карлос Алкарас некое време го нема и ќе го нема на терените, а поради повреда нема да биде дел и од вториот грен слем во 2026 година-Ролан Гарос.

И додека трае процесот на закрепнување вториот светски рекет доби можност да му одговори на Новак Ѓоковиќ кој неодамна истакна дека Шпанецот го „украл“, искористил најдоброто од големата тројка (Надал, Федерер и Ѓоковиќ).

- Убаво е да се чуе тоа, но мислам дека ваквите споредби повеќе не се релевантни. Се обидувам да го развијам својот стил, оној што го создадов и оној што го развивам. Не копирам никого. Луѓето знаат дека јас сум Карлос Алкарас, - вели Карлитос кој говореше и за ривалството за Јаник Синер.

- Надвор од теренот, ние сме двајца момци кои добро се сложуваат. Кога играме, му го покажуваме на светот најдоброто што го имаме, но всушност си помагаме еден на друг да постигнеме што е можно повеќе. Без ни најмало непријателство. Имаме исти цели, двајцата се бориме за нив и нема причина да се мразиме.

- Кога играш на ова ниво, вистинското пријателство е многу тешко, но е можно. Јас сум целосно за тоа. Ривалствата се долг процес, има многу години пред нас и се надевам дека ќе играме уште многу големи финалиња, - порача Шпанецот.