[ВИДЕО] Морничави вести: Сопругот на пејачката и риалити ѕвезда исчезнал во Дубаи, постои сомнеж за киднапирање

Точка

18/05/2026

23:12

465

Големина на фонт

а а а

Поранешниот модел стравува за животот на својот четврти маж, Ли Ендрус, со кого стапи во брак пред само неколку месеци. Неговата последна порака била дека „луѓе доаѓаат по него“ и дека се наоѓа во комбе со врзани раце.

Сопругот на контроверзната британска старлета Кети Прајс, Поранешниот модел стравува за животот на својот четврти маж, Ли Ендрус, со кого стапи во брак пред само неколку месеци. Неговата последна порака била дека „луѓе доаѓаат по него“ и дека се наоѓа во комбе со врзани раце., и официјално е прогласен за исчезнат, пренесуваат странските медиуми. Оваа вест доаѓа пет дена откако тој наводно бил киднапиран во Дубаи, пишува „Мирор“.

Пријавата за исчезнато лице е поднесена до полицијата откако поминале речиси пет дена од последниот разговор меѓу Кети и нејзиниот сопруг. Изминатиов викенд, Прајс сподели драматично видео на својот Јутјуб канал, јавно изразувајќи го својот страв и загриженост за безбедноста на Ендрус, со кого се омажи годинава по само неколку дена познанство.

Извори блиски до семејството откриваат дека Кети е во постојан контакт со семејството на Ли и дека сите заедно во агонија чекаат каква било вест за неговата локација.

Последната комуникација со сопругот била во средата навечер, кога тој панично ја информирал дека „луѓе доаѓаат по него“, дека рацете му се веќе врзани и дека се наоѓа во задниот дел на едно комбе. По овој повик, на секоја трага од него и се губи.

Извори тврдат дека е целосно потресена поради целата ситуација, но и поради коментарите на поединци на социјалните мрежи кои се сомневаат дека целата приказна е маркетиншки трик.


„Луѓето пишуваат дека сè е наместено и дека Кејти е дел од тоа, но таа навистина е очајна и исплашена“, тврди извор.

Не се појавил на телевизија и покрај снимката од аеродромот

Ли Ендрјуз наводно требало да допатува од Мускат за да гостува со Кејти во емисијата „Good Morning Britain“.

Тој дури испратил видео-снимка од аеродромот и на сопругата и на продукцијата на ITV, но сепак не се качил во авионот.

Кејти подоцна изјави дека се појавиле проблеми поврзани со неговите деловни активности поради кои морал итно да реагира.

Кејти се обратила на јавноста

Во видео-снимка објавена на нејзиниот YouTube канал, Кејти Прајс рече дека била принудена јавно да зборува за исчезнувањето на сопругот поради бројните шпекулации.


„Вистина е дека Ли е исчезнат веќе три дена. Последен пат го слушнав во среда навечер додека се обидуваше да ја премине границата во Дубаи за да дојде кај мене“, изјавила старлетата.

Додала дека неговата локација исчезнала неколку минути по разговорот и дека од тогаш никој немал контакт со него.

„Беше среде ништо. Многу сум загрижена“, додала загрижената Прајс.

Полицијата вклучена во потрагата

Откако Ли не се јавувал ниту на семејството, Кејти Прајс и неговите најблиски контактирале со полицијата во Дубаи, која сега го води случајот за исчезнување.


Британските медиуми наведуваат дека истрагата трае, додека јавноста со големо внимание го следи развојот на мистериозниот случај кој предизвика шок меѓу фановите на поранешната ријалити ѕвезда.