Додека температурите надвор надминуваат 50 степени, жителите на Кубер Пиди живеат под земја, каде што изградиле функционален град со куќи, училиште и бројни други содржини.
Меѓу жителите на овој необичен австралиски град има и српска и хрватска заедница, кои со децении се дел од неговата мултикултурна приказна, пишува „Путни кофер“.
Кубер Пиди, необичен град сместен во срцето на австралиската внатрешност, на прв поглед изгледа како место што ги тестира границите на човечката издржливост. Летните температури таму редовно се искачуваат над 40 степени, а воздухот често е обоен со црвена прашина што ветерот ја разнесува од блиските рудници за опал. Додека многумина во такви услови би побарале попријатно место за живот, жителите на Кубер Пиди решиле да останат и да се приспособат на начин што денес ги фасцинира патниците од целиот свет.

Во напуштените рударски тунели постепено се создала вистинска мала заедница со домови, цркви, хотели и продавници, издлабени во карпите што некогаш криеле вредни опали. Ваквиот начин на градба им овозможил природна заштита од екстремните горештини, но и создал уникатен простор за живот каков што ретко може да се види на друго место.
Денес се проценува дека дури околу 60 проценти од жителите на Кубер Пиди живеат токму под земја, во град што им пркоси на сите очекувања и покажува до каде може да оди човечката приспособливост.
Пред околу 150 милиони години, подрачјето каде што денес се наоѓа Кубер Пиди било дно на огромен океан кој постепено го обликувал пејзажот што денес го познаваме. Во текот на долгите геолошки периоди, притисокот и движењето на водата носеле минерали од морското дно длабоко во пукнатините на песочникот.
Таму тие полека се стврднувале и создавале наслаги од силициум диоксид, од кои настанале опалите – скапоцени камења што и денес светкаат скриени во карпите како тивок потсетник на одамна исчезнатото море.

Пред околу 150 милиони години, областа на денешен Кубер Пиди се наоѓала на дното на огромен океан кој постепено го обликувал пејзажот што денес го познаваме. Во текот на долгите геолошки периоди, притисокот и движењето на водата носеле минерали од морското дно длабоко во пукнатините на песочникот.
Таму тие полека се стврднувале и создавале наслаги од силициум диоксид, од кои подоцна настанале опалите – скапоцени камења што и денес светкаат скриени во карпите како тивок потсетник на одамна исчезнатото море.
Иако водата одамна исчезнала од овој сушен дел на Австралија, нејзиното наследство и понатаму живее во богатите наоѓалишта на опал по кои Кубер Пиди станал познат низ целиот свет. Тука се наоѓаат некои од најголемите рудници за опал на планетата, а нивните примероци се сметаат за едни од најценетите.

Приказната за градот започнала пред речиси еден век, кога еден тинејџер сосема случајно пронашол парче од овој блескав камен. Веста брзо се проширила, рударите почнале масовно да пристигнуваат, а за кратко време никнал град кој подоцна ќе стане најголемиот светски извор на опал.
Во седумдесеттите и осумдесеттите години од минатиот век, Кубер Пиди бил жив и динамичен град во кој работеле повеќе од илјада рудари. Денес нивниот број е значително помал – околу стотина, но градот и понатаму ја задржал репутацијата на место каде што под навидум негостољубивата површина се крие вистинско минерално богатство.
Во современиот Кубер Пиди многу жители избрале малку неконвенционален, но исклучително ефикасен начин на живеење. Тие живеат во таканаречени „земунки“ – удобни домови скриени под површината на земјата, кои нудат заштита од суровата пустинска клима.
Овие простори се создаваат со издлабување во карпите, а цената за нивна изградба често е слична со онаа на куќите на површината. Сепак, предностите се бројни – отпорни се на песочни бури, не бараат разладни уреди и овозможуваат значителни заштеди, што во вакво екстремно опкружување е особено важно.

Бидејќи се опкружени со слоеви земја, овие „земунки“ во текот на целата година одржуваат стабилна температура и создаваат пријатна микроклима за живот. Жителите така уживаат во постојани околу 23 степени Целзиусови, што е речиси идеално кога надворешните температури достигнуваат неподносливи височини.
Иако се издлабени во песочник, овие домови воопшто не оставаат впечаток на скромност. Внатрешноста често е уредена како секоја модерна куќа – со полици за книги, трпезариски маси, пространи дневни соби, а на некои места има дури и подземни базени.
Денес овој необичен Кубер Пиди има сè што би требало да поседува еден град на површината – од цркви и училишта до хотели. Разликата е во тоа што овде речиси сè се наоѓа под земја.
Посетителите на Кубер Пиди можат да уживаат во уметнички галерии, да посетуваат златарници исполнети со прочуените градски опали, па дури и да разгледаат рудник кој сè уште е активен. Доколку сакаат, можат и самите да се обидат да ископаат опал.
Постапокалиптичниот град сместен среде пустински пејзаж го привлекол вниманието не само на туристите, туку и на филмската индустрија. Во Купер Пиди може да се видат познати локации од филмовите „Лудиот Макс“ (Mad Max) и „Авантурите на Присила, кралица на пустината“ (The Adventures of Priscilla, Queen of the Desert).
За оние што сакаат да искусат нешто поразлично од веќе необичната атмосфера, тука е и „Пеинтед Дезерт“ – спектакуларно убаво древно морско дно, старите гробишта исполнети со луѓе од различни потекла, па дури и центар за рехабилитација на кенгури.
Ако сте ноќен тип, можете да уживате и во играње голф на терен без трева, каде што сите играчи користат топчиња што светат во мракот. Сепак, не очекувајте да видите фудбалски натпревари. Едноставно е премногу жешко, а градот, барем засега, не успеал да „издлаби“ фудбалско игралиште.
















