Во минатото вредел 8 милиони евра: Овој грчки остров сега се продава за 247 илјади евра

Супермен

19/05/2026

11:39

628

Големина на фонт

а а а

Многумина сонуваат да поседуваат сопствен имот, но со денешните цени тоа често изгледа недостижно. Затоа веста дека цел грчки остров се продава за помалку од цената на стан во Лондон звучи речиси неверојатно на прв поглед. Сепак, зад привлечната цена стојат голем број сериозни пречки.

Тоа е островот Макри, петтиот по големина во архипелагот Ехинади во Јонското Море. Островот има разгрането крајбрежје, кристално чисто море и многу сонце, и е целосно поштеден од масовниот туризам. Кога првпат се појави на пазарот на луксузни недвижности во 2022 година, проценетата вредност беше осум милиони евра. Денес се продава на аукција за само 247.000 евра.

Бројни ограничувања и огромни долгови

Главната причина за драстичниот пад на цените лежи во правните и финансиските проблеми поврзани со островот.


Имено, Макри погрешно бил класифициран како приватна шума. Покрај тоа, се наоѓа во рамките на посебна зона за заштита на природата, поради што се забранети плановите за изградба на луксузни туристички комплекси, кои некогаш беа една од главните продажни адути.

Островот е исто така дел од еколошката мрежа Натура 2000, истиот систем за заштита што неодамна го ограничи поставувањето лежалки на бројни грчки плажи. Ова значи дека изградбата на каква било инфраструктура би барала посебно државно одобрение преку претседателски декрет.


Но, проблемите не завршуваат тука. Идниот сопственик се соочува и со големи даночни долгови и разни финансиски побарувања поврзани со островот. Според порталот „Sofokleous10“, овие долгови изнесуваат најмалку 20 милиони евра.

Остров без инфраструктура

Во пракса, ова значи дека островот засега може да се користи речиси исклучиво за земјоделство. Идниот сопственик би морал сам да го реши снабдувањето со електрична енергија и вода, како и системот за отстранување на отпад.


Сепак, за оние кои сонуваат за живот во целосна изолација и не се плашат од сложени финансиски и административни предизвици, Макри би можел да претставува необична можност.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk