[ФОТО] Жената со „најдолги нозе“ повторно привлекува внимание: Еве како изгледа денес

Точка

21/05/2026

14:49

1.297

Големина на фонт

а а а

Една од најпознатите европски манекенки од 90-тите, Адријана Карамбеу, се појави на црвениот килим во Кан. Поранешното заштитно лице на „Вондербра“ и жената чии нозе со години беа предмет на медиумска фасцинација, покажа дека сè уште знае како да привлече погледи.

Родена на 17 септември 1971 година како Адријана Скленарикова во словачкиот град Брезно, нејзината почетна амбиција немала никаква врска со рефлекторите. Имено Адријана сериозно студирала медицина во Прага, сè додека не била откриена од моден скаут во 1997 година. Одлуката да го напушти факултетот и да се пресели во Париз се покажала како најдобриот потег во нејзиниот живот.


Нејзината слава кулминирала кога станала ангел на „Викторијас Сикрет“ во САД. Додека во Европа била заштитно лице на популарниот бренд „Вондербра“.


Она што ја издвојувало од другите манекенки нејзините неверојатни пропорции. Со висина од 185 сантиметри, Адријана своевремено била прогласена за манекенка со најдолги нозе во светот (скоро 124 сантиметри), поради што официјално била запишана во Гинисовата книга на рекорди.


Во 2006 година, била прогласена и за најсекси жена во светот, станувајќи врвен симбол на убавината на таа ера.



Иако со децении била препознатлива по нејзината долга, густа руса коса која била и нејзин заштитен знак, Адријана ги шокирала обожавателите на почетокот од 2026 година. На доделувањето на музичките награди „Victoires de la Musique“ во февруари, таа се појавила со радикална, ултра кратка „машка“ фризура, која ја истакнала и на црвениот килим на овогодишниот Кански филмски фестивал.




Адријана, која сега има 53 години, блеснала на црвениот килим за време на премиерата на филмот „Историјата на звукот“ (The History of Sound). За таа пригода, таа избрала впечатлива креација од францускиот дизајнер Стефан Ролан, која комбинира драматична силуета и транспарентни детали.