Американската актерска ѕвезда Деми Мур присуствуваше на премиерата на филмот „La Bola Negra“ на Хавиер Калво и Хавиер Амброси. Освен тоа што ја скратила косата, внимание привлекоа и нејзините раце.
За овој настан актерката избра син фустан со голема панделка и шлеп од брендот „Self-Portrait“. Изгледот го надополни со впечатлив ѓердан и шпицести високи потпетици.
Кога на социјалните мрежи беа објавени снимките од црвениот тепих, многумина почнаа да ги коментираат нејзините раце, наведувајќи дека е премногу слаба.
„Ова е тажно“, „Изгледа како скелет“, „Се надевам дека ќе побара лекарска помош“, „Зошто сите во Холивуд гладуваат?“, „Загрижувачки“, се дел од коментарите на ТикТок.

Ова не е првпат Деми Мур да се најде на удар на критики поради слабиот изглед. Со оглед на тоа што таа е во жирито на овогодишниот Кански филмски фестивал, се појавуваше на црвениот тепих речиси секоја вечер, а нејзините раце станаа тема на коментари на интернет. Таа не се огласи по тој повод.
Извор за „National Enquirer“ неодамна изјавил дека нејзините пријатели се загрижени за нејзиното здравје.
„Многу е вознемирувачки да се гледа како им се враќа на старите навики. Сите исти притисоци што самата си ги наметнуваше за да биде слаба кога беше на врвот на славата повторно се појавија“, изјавил тој.













