[ФОТО] Модно усогласени, елегантни и во духот на прославата: Стилот на црногорскиот премиер и неговата сопруга воодушевува

Супермен

22/05/2026

16:00

334

Големина на фонт

а а а

Во Цетиње вчера се одржа свечен прием по повод Денот на независноста на Црна Гора, на кој присуствувале бројни функционери и познати личности од политиката и јавниот живот.

Гостите ги поздравувале премиерот на Црна Гора, Милојко Спајиќ и неговата сопруга Милена, кои изгледале многу елегантно на свеченоста организирана по повод 20 години од прогласувањето на независноста на државата.

Спајиќ и неговата животна сопатничка на црвениот килим се ракувале со гостите во елегантни изданија и биле модно усогласени. Црногорскиот премиер носел класичен црн костум и машна-пеперутка со бела кошула, неговата сопруга Милена се појавила во бело од глава до пети.


Таа за оваа пригода избрала тесен фустан што се шири од колената во сирена-крој, додека горниот дел е составен од кратко сако со прав крој што ги нагласува рамената и наместо вообичаени ревери има крената крагна.

Сè било уште поефективно поради предимензионираниот украс во форма на цвет, кој и покрај големината не изгледал нападно. Софистицирано, класично, а сепак модерно модно издание.

„Мала земја, голема визија. Да е вечна“, напиша Спајиќ покрај фотографијата со сопругата.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk