Крај на една ера: Легендарната „Lada“ банкротираше – пропадна германскиот увозник

Точка

23/05/2026

11:32

635

Големина на фонт

а а а

Компанијата „Lada Automobile GmbH“, со седиште во германскиот град Букстехуде, официјален увозник на руските автомобили „Lada“, која веќе подолго време се соочуваше со финансиски проблеми, поднесе барање за стечај.

Бидејќи компанијата не успеала да пронајде нов инвеститор, со ова практично завршува повеќе од 50 години присуство на рускиот бренд „Lada“ на германскиот пазар, пренесува порталот „t-online“.

Работењето во Букстехуде било прекинато уште пред неколку месеци.


Уште кон крајот на 2019 година, рускиот производител го запре официјалниот извоз во Европа, откако Европската Унија ги заостри прописите за емисија на штетни гасови.

Потоа увозникот од Букстехуде го увезувал теренецот „Niva“ во Германија како сив увоз и го продавал под имињата „Lada 4×4“ и „Lada Taiga“.


Иако автомобилите важеле за неквалитетни, тие биле исклучително евтини, наведува порталот.

Кога избувна војната во Украина и стапија на сила ембаргата против Русија, пропадна и таа можност, а новите возила и резервните делови практично станаа недостапни.