Тошковски – Рокас: Продолжува силната поддршка на ЕУ за реформите и јакнењето на капацитетите на МВР

Макфакс

26/05/2026

13:50

182

Големина на фонт

а а а

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски го потенцира континуираното партнерство со Европската Унија, која обезбедува поддршка во спроведувањето на реформите и јакнењето на капацитетите на МВР, особено по пат на проекти од претпристапна помош и прекугранична соработка.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска оствари средба со амбасадорот на Европската Унија во Македонија Михалис Рокас, на која беше потврдена одличната соработка и континуираната поддршка што Европската Унија ја обезбедува за Министерството за внатрешни работи во процесот на спроведување на реформите и унапредување на институционалните капацитети.

Тошковски изрази благодарност за досегашната поддршка од Европската Унија, особено во делот на исполнување на критериумите поврзани со европската интеграција на државата, преку реализација на проекти во рамки на ИПА инструментот за претпристапна помош, како и активностите предвидени со Реформската агенда.

На средбата беше истакнато дека партнерството помеѓу Македонија и Европската Унија има значајна улога во јакнењето на безбедносниот систем, модернизацијата на институциите и подобрувањето на ефикасноста во справувањето со современите безбедносни предизвици.

Соговорниците разговараа и за тековните активности во рамки на програмите за прекугранична соработка, како и за приоритетните области од заеднички интерес, со акцент на натамошно продлабочување на партнерската соработка.