Министерката за финансии најпрво повика на средба со пратениците од СДСМ за да објасни прашања поврзани со финансиската состојба на државата, но потоа не се појави. СДСМ инсистира состанокот да биде јавен и отворен за медиумите, барајќи транспарентност и отчетност за задолжувањето и јавниот долг.
Министерката за финансии Димитриеска-Кочоска најпрвин нè повика на средба „убаво да ги објасниме работите“. СДСМ веднаш одговори позитивно и ја прифати поканата. Вчера пратениците ја повикаа во Собранието. Неа ја нема, велат од Социјалдемократиот сојуз на Македонија.
Во соопштението СДСМ посочува дека инсистирале состанокот да биде јавен и отворен за медиумите, со цел, како што велат, пред граѓаните да се објаснат податоци поврзани со задолжувањето на државата, нивото на јавниот долг и новите кредитни аранжмани.
СДСМ додава дека граѓаните заслужуваат транспарентност, реформи и отчетност.
Претходно, лидерот на партијата, Венко Филипче, рече дека државниот буџет се наоѓа пред колапс. Реагираше министерката за финансии, која преку објава на Фејсбук го покани економскиот тим на СДСМ на средба во Министерството за финансии, со цел да се разјаснат економските состојби со реални бројки, наспроти хистеричните прес-конференции полни со невистини.







