Нападнат и ограбен велосипедист во Аеродром

Макфакс

27/05/2026

13:31

293

Големина на фонт

а а а

Велосипедист од Скопје бил нападнат и ограбен додека возел велосипед во Општина Аеродром, а полицијата е ангажирана за расчистување на случајот.

Скопјанец пријавил во полиција дека бил нападнат и ограбен додека возел велосипед на подрачје на Општина Аеродром.

Според информациите на МВР, вчера во СВР Скопје, Б.А.(39) од Скопје пријавил дека на подрачјето на општина Аеродром, додека управувал велосипед, едно лице физички го нападнало со тврд предмет и му го одзело ранецот со пари и лични предмети.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.