Наришкин: НАТО де факто се подготвува за голем вооружен конфликт на исток

Макфакс

28/05/2026

15:23

671

Големина на фонт

а а а

Сергеј Наришкин, директор на руското разузнавање, обвини дека НАТО се подготвува за голем вооружен конфликт на Исток и ја критикува Велика Британија за охрабрување на европските земји за судир со Русија.

Директорот на руската служба за надворешно разузнавање, Сергеј Наришкин, денес изјави дека НАТО се подготвува за голем вооружен конфликт на Исток и дека Велика Британија, „злиот и циничен гениј на Европа“, ги охрабрува своите европски партнери да се судрат со Русија.


Наришкин, на Првиот меѓународен форум за безбедност што се одржа под покровителство на Советот за безбедност на Русија, рече дека „НАТО де факто се подготвува за голем вооружен конфликт на Исток“, пренесува РИА Новости.


Тој рече дека претставниците на европските влади се тешени од помислата дека ќе можат да ги надоместат своите загуби со понатамошно ограбување на Русија.