Мицкоски: Започна со работа првиот модерен трговски центар во Гевгелија

Макфакс

29/05/2026

13:40

2.958

Големина на фонт

а а а

Премиерот Христијан Мицкоски присуствуваше на отворањето на првиот модерен трговски центар „Mega Shopping Park“ во Гевгелија кој ќе ја има улогата да го збогати економскиот развој на регионот и да биде централно место за туристи и патници на Коридорот 10.

Премиерот, Христијан Мицкоски, присуствуваше на отворање на новиот трговски центарMega Shopping Park“ во Гевгелија.

„За мене претставува огромна чест и задоволство што денеска можам да присуствувам на овој би рекол прекрасен настан, овде во Гевгелија. Отворањето на овој шопинг-центар којшто е не само додадена вредност за економијата тука во Гевгелија, туку очекувам да прерасне во едно место коешто ќе го посетуваат сите оние коишто ќе транзитираат низ Македонија, бидејќи навистина содржините што ги нуди се импресивни, а сè уште не е целосно што се вели пуштен во употреба“, рече премиерот.

Тој кажа дека од неформалните разговори со сопствениците дознал дека дополнително ќе се отвораат нови продажни места, така што, вели Мицкоски, на Коридорот 10 кај нас во Македонија ова ќе претставува навистина едно преубаво место каде што ќе можат сите оние туристи и патници кои ќе транзитираат низ нашата земја да застанат овде.

„Десетина милиони луѓе ќе поминуваат недалеку од овде, на неколку десетици метри од овој прекрасен објект и посакувам на овој начин економијата во Гевгелија има додадена вредност и луѓето да си поминуваат прекрасни моменти користејќи ги капацитетите којшто овој објект ги нуди“, рече Мицкоски.