Времето утре ќе биде сончево со умерена облачност и слаб до умерен северозападен ветер. Од четврток се очекуваат пообилни врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер, особено во источните делови на Македонија.
Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во источните делови повремено засилен северозападен ветер, информира УХМР.
Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 14, а максималната ќе достигне од 24 до 31 степен.
Во Скопје, сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 30 степени.
Во недела и понеделник претпладне ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а во попладневните часови ќе има услови за локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Во вторник и среда времето ќе биде променливо облачно со сончеви интервали и релативно стабилно, а од четврток повторно се очекуваат врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер.







