„Helderburg Defender“ со дизел-мотор чини речиси 400.000 долари, колку и еден „Ferrari SF90“.
„Helderburg“ претстави специјално преработен класичен „Land Rover Defender“ под името „Rocco“, а цената на овој проект достигнува дури 400.000 долари – речиси колку половен „Ferrari SF90 Stradale“.
Возилото е изработено за татко и син од Нешвил, а за неговата реализација биле потребни повеќе од 3.000 работни часови.
За разлика од повеќето скапи „restomod“ проекти кои добиваат модерни V8 мотори, „Helderburg“ го задржал оригиналниот петцилиндарски турбо-дизел агрегат, но темелно го унапредил и го приспособил на современите стандарди.
„Rocco“ добил целосно нова алуминиумска каросерија со поагресивен дизајн, „LED“ светла, проширени крила и специјални тркала со „off-road“ гуми.

Преработено е и потпирањето, а вграден е и нов издувен систем од нерѓосувачки челик.
Кабината е целосно трансформирана. Ентериерот е обложен со луксузна кожа од Шкотска, вградени се нови седишта, модерен инфозабавен систем и редизајнирана командна табла.

Основачот на компанијата „Helderburg“, Пол Потрац, вели дека нивните автомобили не се обични реставрирани класици, туку целосно редизајнирани проекти наменети за купувачи кои сакаат нешто посебно и поразлично од модерните спортски автомобили.












