Рафаел Надал призна: „Морав да испијам неколку чашки текила пред снимањето на „жешките сцени“ со Шакира“

Точка

30/05/2026

13:00

703

Големина на фонт

а а а

Рафаел Надал откри дека морал да испие неколку чашки текила пред снимањето на провокативниот спот за песната „Gypsy“ со Шакира.

Тоа било во 2010 година, во периодот кога Надал ја имал најдобрата тениска сезона во својата кариера. Таа година освоил три последователни Гренд слем турнири — Ролан Гарос, Вимблдон и Ју Ес Опен — што успеал да го постигне само еднаш кариерата.


Страсниот спот што ја заинтригира јавноста

Како што растела неговата глобална слава, Надал станувал сè побаран за телевизиски настапи и спонзорски договори. Го привлекол и вниманието на колумбиската суперѕвезда Шакира, која го ангажирала за својот спот.

Во спотот, кој на Јутјуб има 64 милиони прегледи, славниот тенисер седи без маица додека Шакира танцува пред него. Во одредени кадри тие двајца се прегрнуваат и се галат, Надал носи само фармерки, а спотот завршува со бакнеж на карпи.


Сцените предизвикаа голем интерес кај обожавателите, а многумина ја коментираа очигледната хемија меѓу Шакира и Надал. Тенисерот тогаш беше во врска со денешната сопруга Марија Франсиска Перељо.


Откритие во новиот документарец

Во новиот документарец на Нетфликс, „РАФА“, 39-годишниот Шпанец признал дека му била потребна помош за да се опушти пред да ја соблече маицата пред камерите. Во четириделната серија, Надал се присетил на снимањето на спотот.


„Се сеќавам дека, кога одев да го снимам спотот со Шакира, морав да побарам шише текила и да испијам неколку чашки на екс за малку да се опуштам“, раскажал тој.

Непријатност поради славата

Иако на тенискиот терен, со рекет во рака, се чувствувал сосема природно, Надал пред камерите никогаш не бил „роден забавувач“. Откако таа година го освоил Ју Ес Опен и го комплетирал „кариерниот Гренд слем“, неговата слава достигнала ново ниво, а потоа следувале и бројни настапи во ток-шоу емисии.


„По освојувањето на Ју Ес Опен настана вистинско медиумско лудило. Но, никогаш не сакав да бидам во центарот на вниманието“, се присетил Надал.

Неговиот публицист Бенито Перес-Барбадиљо потврдил дека Надал не се чувствувал пријатно во такви ситуации.


„Се сеќавам дека многумина од медиумите ми велеа: ’О, ќе обожава да го прави ова.‘ Јас, на многу љубезен начин, им одговарав дека тоа не е вистинскиот збор. Знаеше дека тоа е дел од неговата работа. Но да, да прави нешто надвор од својата зона на комфор не му беше лесно“, раскажал Перес-Барбадиљо.