[ВИДЕО] Мицкоски најави поевтинување на дизелот за 6 до 6,5 денари

Макфакс

30/05/2026

13:48

527

Големина на фонт

а а а

Премиерот Христијан Мицкоски најави поевтинување на дизелот за 6 до 6,5 денари по литар, со стабилизирање на цените на нафтените деривати во Македонија и најавени мерки за нови цени на VLадината онлајн седница.

Премиерот Христијан Мицкоски очекува стабилизирање на цените на нафтените деривати во земјава и најави сериозно поевтинување на дизел горивото за 6 до 6,5 денари по литар.

Тој најави дека утре ќе се одржи онлајн седница на Владата на која ќе се разгледуваат мерките за формирање на новите цени, нагласувајќи дека Македонија и понатаму ќе остане држава со убедливо најниски цени на горивата во регионот.

Како ќе се формираат новите цени?

Досегашната повластена ДДВ стапка за бензините од 10% ќе се врати на редовните 18%, но намалените акцизи за 2 денари ќе останат во сила.

„Според нашите пресметки, врз основа на анализите како се движеа цените на светските берзи изминатите две недели, односно втората половина од мај, и како се движеа цените изминатава недела, очекуваме полека, но сигурно да се стабилизираат и кај нас, односно, досега повластената стапка за бензините од 10 да се врати на 18 проценти, а во делот на на акцизите ќе остане намалувањето од два денара по литар за дизел и за безоловните бензини 95 и 98 октани, бидејќи просекот во втората половина од мај на дизелот и безоловните бензини се движеше меѓу 1.000 и 1.200 долари за барел“, истакна Мицкоски.

Премиерот информираше дека се водат разговори со компанијата „Окта“ за можен дополнителен попуст во првата половина на јуни.

„Кога ќе ги имаме предвид сите овие мерки, тогаш очекувам цената на бензините да остане иста или да има мало зголемување од половина денар, а дизелот да поевтини околу 6 и пол денара, 6 до 6,5 денара. Отприлика ова се бројките кои нашите калкулации ги кажуваат, а ќе видиме како како ќе направи пресметка регулаторна“, кажа тој.

Притисокот врз пумпите беше зголемен за 50 отсто

Мицкоски потенцираше дека изминатиот тримесечен период бил исклучително динамичен, но дека Владата успешно ја задржала ценовната стабилност и овозможила редовно снабдување.

„Граѓаните не почувствуваа ниту во еден момент какво било ограничување кога станува збор за снабдување со нафта и со бензини. Истовремено, притисокот врз нашите бензински пумпи беше огромен. Имаше денови кога 50-тина проценти беше зголемен од вообичаено, имајќи предвид нормални, регуларни денови. И кога сето ова ќе се ќе се заокружи, ние и денеска, односно и она што го очекуваме во понеделник, ќе останеме држава со убедливо најниски цени на на горивата, односно на на дизел горивото и на бензините“, рече премиерот.