Николас Кејџ засекогаш се откажа од славното презиме: Еве како сака отсега сите да му се обраќаат

Точка

31/05/2026

12:00

925

Големина на фонт

а а а

Еден од најпознатите холивудски актери, Николас Кејџ, откри дека и официјално го променил името, со што дефинитивно ставил крај на една од најпознатите семејни врски во филмската индустрија.

Иако публиката со децении го познава како Николас Кејџ, неговото вистинско име било Николас Ким Копола. Сега, како што самиот потврди во разговор за Варајети, презимето Кејџ станало и негово законско презиме.

„Јас сум Ник Кејџ. Минатата година и официјално го променив името. Во приватниот живот сум Ник Кејџ, а на екран Николас Кејџ. Попрво ќе бидам основач на сопственото семејство отколку отфрлен роднина во туѓо“, изјавил актерот.


Пораснал во познато филмско семејство

Кејџ потекнува од едно од најпознатите уметнички семејства во Америка. Неговиот татко бил академикот и писател Август Копола, додека неговиот чичко е легендарниот режисер Френсис Форд Копола.


Дел од истото семејство се и актерката Талија Шајер, како и неговите роднини, режисерката Софија Копола и актерот Џејсон Шварцман.

Сепак, во текот на кариерата се трудел успехот да го изгради самостојно, без да се потпира на славното семејно презиме.


Од каде презимето Кејџ?

Многумина не ни знаеле дека Николас одамна не го користел своето вистинско презиме. Актерот објаснил дека инспирацијата ја пронашол во светот на стриповите и музиката.

Презимето Кејџ го презел делумно поради ликот Лук Кејџ од стриповите на Марвел, чиј е голем обожавател, но и поради славниот авангарден композитор Џон Кејџ.


„Ми се допадна тоа презиме кога го видов во стриповите. Сметав дека звучи силно и впечатливо. Пораснав во многу уметничко семејство, каде што често се зборуваше за Џон Кејџ и неговите експериментални композиции“, објаснил актерот.

Едно нешто отсекогаш го нервирало

Иако го променил презимето, одлучил да го задржи името што му го дал татко му.

„Го задржав Николас затоа што тоа име ми го даде татко ми. Единствено што отсекогаш ме нервирало е тоа што го напишал на француски начин. Луѓето постојано ја додаваат буква H и пишуваат Nicholas. Немам поим зошто ја избрал француската форма, но така било“, рекол со насмевка.

На прашањето како сака луѓето да му се обраќаат во иднина, актерот не прави голема разлика.


„Можете да ме викате и Ник и Николас. Луѓето и онака ме познаваат под двете имиња“, заклучил тој.

Иако презимето Копола е едно од највлијателните во историјата на Холивуд, Кејџ уште еднаш покажа дека му е поважно да биде препознаен по сопствената работа отколку по семејното наследство.