УниМар го претстави новиот модел STIA 580 – македонски чамец што поставува нови стандарди во наутиката

Точка

01/06/2026

11:45

3.611

Големина на фонт

а а а

На 31 мај во Струга, пред бројни гости, партнери, соработници и љубители на наутиката, компанијата УниМар официјално го претстави својот прв модел на чамец STIA 580, означувајќи почеток на едно ново поглавје во развојот на македонската наутичка индустрија.

Настанот не беше само промоција на нов производ, туку и приказна за визијата, истрајноста и повеќедецениската посветеност на квалитетот. Зад брендот УниМар стои компанијата Унипласт, основана во 1986 година, која четири децении успешно гради репутација базирана на професионалност, доверба и континуиран развој.

Во светот на наутиката, компанијата влегува во 2003 година, започнувајќи со производство за реномирани европски брендови, работејќи на пазари како Холандија, Италија и други земји од Европа. По повеќе од 20 години работа за странски брендови, компанијата донесе стратешка одлука да инвестира во нов специјализиран производствен капацитет и да создаде сопствен бренд.


Така се роди УниМар – бренд што ги обединува искуството, современата технологија и љубовта кон пловењето. Резултат на оваа визија е STIA 580 – првиот модел целосно осмислен, проектиран и произведен од тимот на УниМар. Чамецот се издвојува со своето иновативно тримаранско корито кое обезбедува висока стабилност, лесно глисирање и одлични пловни карактеристики.

„Пред две години, ова беше само идеја и визија. Денес, STIA 580 стои пред нас како доказ дека со знаење, посветеност и јасна цел може да се создаде производ што ги исполнува највисоките европски стандарди“, истакнаа сопствениците на компанијата за време на презентацијата.


По официјалниот дел од програмата, гостите имаа можност одблизу да се запознаат со карактеристиките на STIA 580, додека пријавените посетители учествуваа во тест-возења и практично ги искусија стабилноста, комфорот и перформансите на новиот модел.

Настанот заврши со неформално дружење и наздравување за досегашните успеси на компанијата, како и за идните развојни планови на брендот УниМар. Со претставување на Stia 580, УниМар отвора ново поглавје во своето работење и испраќа јасна порака дека македонскиот производ може достоинствено да застане рамо до рамо со светските брендови во наутичката индустрија.

Комерцијален текст