Шкотската пејачка Сузан Бојл, која во 2009 година ја воодушевила публиката со настапот во емисијата „Britain’s Got Talent“, целосно го променила изгледот и најавила враќање на музичката сцена.
Таа во 2009 година ја извела песната „I Dreamed a Dream“ и го оставила жирито на споменатото натпреварување без зборови. Иако не победила во натпреварувањето, туку завршила на второто место, нејзиниот настап станал популарен низ целиот свет и ја започнал нејзината многу успешна музичка кариера. Бојл продала десетици милиони албуми.
Последните години повремено се повлекувала од јавноста поради здравствени проблеми, вклучувајќи и полесен мозочен удар. Неодамна на Инстаграм објавила фотографија на која изгледа значително поинаку од порано.

Сега има руса коса со шишки и се облекува помодерно. Се фотографирала во бунда и тренирка, а изгледот го надополнила со очила за сонце. Во описот напишала: „Нова ера почнува утре“.

Потоа потврдила дека станува збор за нова песна. Позирала во тренирка со натпис „Just One“, што е и името на песната што наскоро ќе ја објави, а нејзините следбеници се воодушевени од нејзиното враќање на сцената.

„Знаеше дека нѝ е потребна“, „Мадона ќе го откаже објавувањето на својот нов албум“, „Конечно се враќа таму каде што припаѓа“ се дел од коментарите.







