[ФОТО/ВИДЕО] Заборавете на мача: Овој виолетов пијалак ќе биде хит на летото 2026

Точка

01/06/2026

21:47

183

Големина на фонт

а а а

Доколку секојдневно користите Тикток или Инстаграм, голема е шансата да сте забележале еден детаљ што постојано се повторува — виолетови лате напитоци.

По мачата, чај-лате трендовите и ледените здрави напитоци, пристигна новиот фаворит на социјалните мрежи.

За што станува збор?

Убе, што се изговара „у-бе“ е виолетова кртола со потекло од Филипините, позната по својата интензивна боја, благо сладок вкус и кремаста текстура. Иако многумина го мешаат со виолетов батат, станува збор за сосема друго растение кое со децении се користи во филипински десерти и слатки.


Денес токму убе-латето стана новиот вирален пијалак кој од Лос Анџелес и азиските специјализирани кафетерии се прошири во Европа и многу веројатно ќе го одбележи летото 2026.

Зошто луѓето се опседнати со виолетовиот пијалак?

Првата причина е очигледна: изгледа неверојатно добро на фотографии.

Неговата природна виолетова нијанса совршено се вклопува во естетиката на социјалните мрежи, но зад популарноста се крие и нешто повеќе од самата боја. За разлика од класичното кафе или мачата, убе латето не содржи кофеин, па многумина го избираат како понежна, релаксирачка алтернатива.


Истовремено делува како десерт и велнес пијалак – кремаст, благ и природно лесно сладок.

Пијалак што не е само убав, туку и хранлив

Освен што привлекува внимание со својот изглед, убе содржи и низа хранливи материи, поради кои многумина го нарекуваат суперхрана. 

Богат е со:

☑️антиоксиданси

☑️витамин Ц

☑️витамин А

☑️растителни влакна

☑️калиум

Особено интересни се антоцијанините — пигменти што му ја даваат интензивната виолетова боја, а се поврзуваат со антиоксидативно и анти-ејџ дејство, како и со здравјето на кожата.


Секако, како и кај сите трендовски напитоци, многу зависи од рецептот. Верзиите преполни со сирупи и шеќер не мора да значи дека се здрави, но домашната варијанта со квалитетни состојки може да биде одлична алтернатива на класичните слатки кафиња.

Како се подготвува?

Наједноставната верзија се подготвува од:

☑️убе прав

☑️топло или ладно млеко

☑️малку мед или јаворов сируп, по желба

Во лето особено е популарно ледено убе лате со многу мраз, а одлично се комбинира и со растителни млека, како овесно или кокосово млеко.

За оние кои сепак не сакаат целосно да се откажат од кофеинот, постои и „dirty ube latte“ — верзија со додаток на еспресо.

Дали убе латето ќе стане новата мача?

Можеби не целосно, но сè укажува на тоа дека ова лето токму виолетовите напитоци ќе бидат најголемиот тренд во кафулињата и на социјалните мрежи.


Додека мачата останува избор за енергија и фокус, убе латето сè повеќе станува симбол на побавен начин на живот — пијалак што изгледа луксузно, смирува и притоа изгледа совршено на „фидот“. Па затоа веќе сега можеме да кажеме: изгледа дека ова лето ќе пиеме виолетово.