[ВИДЕО] Една година пиел четири литри вода дневно, па открил што му се случило

Точка

03/06/2026

08:56

1.569

Големина на фонт

а а а

Креаторот на содржини Пјер Далати, кој се занимава со теми поврзани со личен развој, прифатил предизвик и една година секојдневно пиел речиси четири литри вода за да провери каква разлика може да направи оваа навика.

На многумина им е тешко да ги испијат и препорачаните шест до осум чаши вода дневно, односно околу литар и пол до два литра, но Далати решил да отиде чекор понатаму и да тестира што се случува кога таа количина ќе се удвои. Јутјуберот е познат по слични предизвици, меѓу кои се и секојдневно земање креатин во текот на една година, како и 12 месеци без мастурбација, пишува „LADbible“.

„Некои го прават тоа за да го подобрат своето здравје и хидратација, додека други сакаат да поттикнат слабеење или да постигнат фитнес цели“, објасни Далати.

„Лично, речиси четири литри вода дневно пиев цела година. Почнав првенствено за да бидам доволно хидриран, но брзо сфатив дека оваа навика носи и други придобивки“, рече тој.

Освен што имал повеќе енергија, подобро спиел и забележал дека кожата му е почиста, воочил и неколку неочекувани промени, покрај најочигледната – дека „мочал како луд“.

Повеќе не чувствувал постојана желба за храна

Пјер раскажал дека секојдневното пиење голема количина вода му помогнало да го балансира апетитот, па повеќе „не бил постојано гладен во текот на денот ниту чувствувал силна желба за храна“.

„Бев гладен кога беше време за оброк, но по јадењето бев задоволен и сит“, изјави тој во видеото објавено во декември 2022 година.

„Тоа ми помогна да го намалам внесот на храна и да изгубам масно ткиво. Кога постојано пиете вода, го полните желудникот, а тоа всушност го потиснува чувството на глад.“

„Ако испиете чаша вода 20 минути пред оброкот, а потоа јадете, ќе забележите дека многу побрзо ќе се заситите“, советува тој.

„Кога ќе изедам оброк, навистина сум сит и немам потреба од дополнителна храна. Тоа веројатно беше една од најголемите придобивки, бидејќи, како што кажав, се обидував да ослабам, а ова многу ми помогна во тоа.“

Неочекувана придобивка во теретана

Во периодот кога го снимал видеото, Пјер тренирал пет до шест пати неделно, што претставува прилично интензивно темпо.

Тој вели дека благодарение на зголемениот внес на вода, неговото тело генерално се чувствувало многу подобро и дека мускулите по тренингот не го болеле како порано.

„Едноставно, генерално се чувствувате подобро, функционирате подобро и низ денот минувате со чувство дека можете да го освоите светот“, порача инфлуенсерот.

Помалку главоболки и болки

Далати истакнал дека откако дневно почнал да пие речиси четири литри вода, имал „помалку главоболки и помалку болки воопшто“.

„Едноставно знам дека тоа се случува кога сте добро хидрирани“, додаде тој.

„Немате толку многу главоболки, а целото тело се чувствува значително подобро.“