"Aurus Senat 900" е претставен во Русија, но оваа луксузна лимузина во целост е базирана на кинескиот модел "Hongqi H9".
Рускиот производител "Aurus" го претстави новиот "Senat 900", луксузна лимузина која треба да претставува врв на домашната автомобилска индустрија.
Сепак, зад новиот модел се крие добро позната основа – кинескиот "Hongqi H9".
"Senat 900" доби редизајниран преден дел со нова маска, светлосни групи и браник инспирирани од останатите модели на Aurus.
Меѓутоа, задниот дел на возилото е речиси идентичен со кинескиот донор-модел, вклучувајќи ги светлата, LED лентата и формата на браникот.

Лимузината е долга 5,14 метри и е достапна во верзии со четири или пет седишта.
Во кабината доминираат „Nappa“ кожа, дрвени декоративни елементи, седишта со греење, вентилација и масажа, како и бројни системи за помош на возачот.

Ентериерот е речиси целосно преземен од моделот "Hongqi H9".
За погонот е задолжен 3,0-литарски V6 турбо мотор со 330 коњски сили (243 kW) и 450 Nm вртежен момент, комбиниран со осумстепен автоматски менувач и погон на сите четири тркала.

Автомобилот забрзува од 0 до 100 km/h за 6,5 секунди, додека воздушната суспензија е дел од стандардната опрема.
Производството се одвива во поранешната фабрика на „Toyota“ во Санкт Петербург, а продажбата веќе започна.
Почетната цена изнесува 12 милиони рубљи (околу 141.000 евра), додека полуксузната VIP верзија со четири седишта чини околу 150.000 евра.




















