Бајден откри детали од непријатното возење со Меланија Трамп во своите мемоари

Макфакс

08/06/2026

20:44

362

Големина на фонт

а а а

Џил Бајден во своите мемоари открива детали од непријатното заедничко возење со Меланија Трамп на денот на инаугурацијата на Доналд Трамп, како и нивниот телефонски разговор по обидот за атентат во 2024 година.

Поранешната прва дама на САД, Џил Бајден, во своите нови мемоари „View from the East Wing“ откри детали од заедничкото возење со Меланија Трамп на денот на инаугурацијата на Доналд Трамп во јануари 2025 година.

Бајден пишува дека атмосферата била толку напната што меѓу нив седел Џон Беслер, сопруг на сенаторката Ејми Клобучар, кој се обидувал да го одржи разговорот и да ја намали непријатната тишина.

Според неа, Меланија Трамп на прашањата одговарала кратко и најчесто разговорот го насочувала кон временските услови во Вашингтон. Една од темите бил и нејзиниот син Барон, за кого Меланија кусо одговорила дека студира на Универзитетот во Њујорк.

Џил Бајден во книгата споменува и телефонски разговор со Меланија по обидот за атентат врз Доналд Трамп во 2024 година, наведувајќи дека таа била љубезна и воздржана како и секогаш.