Улици под вода по невремето во Битола, службите на терен низ целиот град

Макфакс

08/06/2026

21:56

552

Големина на фонт

а а а

По силното невреме во Битола, големи количини дожд предизвикаа поплави и нарушувања во нормалното функционирање на градот. Екипи од ЈП „Нискоградба“ веднаш интервенираа на повеќе локации низ градот и околината за да ги санираат последиците од обилните врнежи.

Големите количини на дожд кои попладнево паднаа во Битола предизвикаа проблеми во нормалното функционирање во делови од градот.

Веднаш на терен излегоа екипи на ЈП „Нискоградба“ Битола при што интеренираа и интервенираат на следните места: – населба „Стрелиште“ на улицата „8 септемрври“ кај бензинската станица на „Лук оил“, – населба Карпош-Кланица на потегот кој излегува на улицата „Железничка“, – на улицата „Железничка“ на потегот кај „Император“ – населба „Стрчин“ на реката Курделес – улица „Патризанска“ пред Медицина на трудот, – Горно Оризари улица „Крте Нале“ одводниот канал, Раштански порој – улица „Бурса“. – улица „Цар Самоил“.

Исто така екипи на „Нискоградба“ ќе интервенираат на улицата која води кон село Раштани, а имаше и помали интервеници во „Бадембалари“, населбата „Баир“, на улицата „Широка“ каде решетките не можеа да ја соберат водата од ридот, потоа на улицата „Васко Карангелевски“ на стариот Курделес кој излегува на улицата „Смилевски конгрес“. Екипи на „Нискоградба“ ќе интервенираат и на патот за Брусник и Лавци.