[ФОТО] Што се случува со оваа жена? Нереална убавина како најдобар адут - никогаш подобро не изгледала...

Точка

11/06/2026

08:06

2.386

Големина на фонт

а а а

Емили Блант уште еднаш докажа дека ѝ нема рамен кога е во прашање беспрекорниот стајлинг со модна приказна зад него. Нејзиното последно издание воодушеви многумина.

Само пред неколку дена пишувавме за новата модна ера што Емили Блант ја претстави на светот, а судејќи според најновите фотографии, се чини дека сè уште не завршила со изненадувања.


Таа неодамна присуствуваше на премиерата на филмот „Disclosure Day“ во Њујорк, а за таа пригода донесе чиста фантазија. Станува збор за скулптурален фустан кој ја следи линијата на телото и ја нагласува нејзината завидна фигура.


Делото е потпишано од дизајнерката Тамара Ралф и припаѓа на колекцијата пролет/лето 2026. Како што можете да видите, фустанот е украсен со впечатлив корсет со златни детали кои го нагласуваат деколтето, а не треба да го изоставиме ни сатенското макси здолниште кое совршено го заокружи ова издание.


Што се однесува до остатокот од стајлингот, таа имала шминка во голи тонови што ѝ дава „мек гламур“ изглед, а косата ја стилизирала во нежни бранови што ја истакнуваат нејзината природна убавина.

Ви се допаѓа ли ова модно издание на Емили Блант?