Баерн го осигура потписот на Мароканецот кој блесна на стартот на мундијалот

Дерби

15/06/2026

14:09

420

Големина на фонт

а а а

Ајуб Буади блесна на отворањето на Светското првенство и со дебитантскиот настап привлече големо внимание во светската спортска јавност, но покрај талентираниот играч за врска, блесок имаше и Исмаел Саибари.

Извонредниот напаѓач на ПСВ ја покажа својата класа на премиерата на мундијалот во САД, Мексико и Канада со мајсторски гол против Бразил, а токму тоа го натера Баерн Минхен да ги интензивира преговорите и ова попладне да го осигура неговиот потпис.

Откако веќе ги договори личните услови со самиот фудбалер, на Баерн му преостана најтешката работа, а тоа беше да го убеди ПСВ околу висината на отштетата.

Бидејќи станува збор за најдобриот играч во тимот, Холанѓаните се обидоа да извлечат што е можно повеќе пари од Баерн, но Германците кои се познати по тоа што не се расфрлаат со премногу пари, на крајот ја комплетираат операцијата за прифатливи 55 милиони евра.

Како што јавуваат најугледните избори од Германија како „Скај Спорт“ и „Билд“, Баерн Минхен ова утро ги комплетирал договорите со ПСВ за 55 милиони евра плус одредено обесштетување во вид на бонуси, по што фудбалерот ќе ги мине потребните медицински прегледи во Америка.

Саибари на овој начин ќе стане трет Мароканец кој го облекол црвениот дрес на Баерн Минхен, бидејќи претходно таа чест ја имаа само Меди Бенатија, Нусаи Мазрауи и Адам Азну.