Микрочипот во топката на Адидас е главен „виновник“ за четвртиот гол на Шведска

Дерби

15/06/2026

14:47

687

Големина на фонт

а а а

Шведска отвори фуриозно на Светското првенство и му одржа фудбалска лекција на Тунис во Монтереј, но во победата од 5:1 најголема дебата предизвика четвртиот гол на „викинзите“.

Сванберг ја погоди противничката мрежа и брзо мораше да го прекине славјето поради сигнализирана офсајд ситуација, но ВАР проверката и напредната технолгоија на крајот детектираа дека погодокот сепак е легален.

„Snicko“ технологијата е активна и на овој мундијал поради фактот што „Трионда“ топката на „Адидас“ има вградено микрочип во себе, а оваа направа овозможува да се детектираат прецизни податоци за секој контакт кој го имаат фудбалерите со топката.

Иако ситуацијата на Сванберг личеше како класичен офсајд, „Snicko“ технологијата утврди дека Исак имал мал допир со топката, а тоа направи стрелецот на голот да се деактивира од недозволена позиција и голот да биде признат.

Оваа технологија беше користена и на Светското првенство пред четири години, а сега уште еднаш се уверивме каков бенефит може да има фудбалот и од напредните модерни додатоци.