Хонда шокираше со коментарот за големата холандска ѕвезда: Кој е овој играч?

Дерби

15/06/2026

14:43

592

Големина на фонт

а а а

Кеисуке Хонда имал улога на ко-коментатор во преносот во живо на националната телевизија на Јапонија, но добар дел од јавноста во оваа земја остана шокирана од фудбалското непознавање кое го презентирал славниот фудбалер при вклучувањето во живо.

Поранешниот јапонски репрезентативец со години беше најдобар играч на својот национален тим и важи за жива легенда во татковината, меѓутоа дури и неговите најголеми симпатизери останаа вџашени од непознавањето кое го прикажал.

Хонда не бил запознаен со голем дел од новите правила кои ги воведе ФИФА на овој мундијал, но посебно изненадил со коментарот кој го дал за една од најголемите ѕвезди во холандскиот тим, Коди Гакпо.

– Кој е играчот со број 11? Гапко… Навистина ме живцира, изгледа доста вознемирувачки кон нашиот тим. Зарем крило може да биде високо 193 сантиметри?

– Тој е најдобар играч на Холандија, потоа следи Гакпо, па уште еднаш Гапко. Дури потоа е Де Јонг. Зарем Холандија нема други играчи? Како што стојат работите, изгледа дека сите работи се високи во Холандија, дури и даските за во тоалет, – порачал Хонда при коментирањето во живо.