Дваесетгодишник од Струга го загуби животот откако се удави додека бил со педалинка во Охридското езеро. Според МВР телото е предадено на обдукција по наредба на јавен обвинител.
Дваесетгодишниот С.С. починал во Медицинскиот центар во Струга, откако претходно бил изваден од водите на Охридското езеро на „Машката плажа“.
Според информациите од полицијата, тој бил со педалинка во езерото.
„Бил пренесен во Медицински центар Струга за укажување на лекарска помош, а во 16:05 часот починал. Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција“, соопшти МВР.
Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Струга.







