Килијан Мбапе не искористи две стопроцентни шанси до фазата од мечот кога го скрши мразот по извонредното додавање од Мајкл Олисе, а иако на крајот направи клучна разлика со два одлични гола во мрежата на Сенегал, првиот час од натпреварот беше доволен за да добие доста критики од родната земја.
Капитенот постојано е „под лупа“ во Франција и самиот тој навикна да ги слуша критики од татковината, но дефинитивно ќе остане изненаден кога ќе ги слушне зборовите на Клод Макелеле.
Легендарниот играч за врска на Франција посебно го критикуваше Мбапе по утката која ја имаше во 57-та минута, а неговите зборови брзо станаа вирални, без оглед на фактот што Килијан до крајот му одговори на теренот со два постигнати гола во победата од 3:1.
– Мајко мила, што сака повеќе. Навистина не знам што сака, зарем сака топката да му ја дадат во голот? Топката од Олисе беше импресивна, дури и дефанзивците не знаеја што да прават.
– Проблемот кај Мбапе е тоа што ги сака сите топки за себе. Ги сака сите топки за себе, треба да игра повеќе за тимот, во овој момент не го прави тоа, – порача Макелеле во вклучувањето за „ДАЗН“.
Se ha chinado Makelele con Mbappé.pic.twitter.com/uhyGAznWZP
— Fballers4ever (@fballers4ever) June 16, 2026







