Флоренетино Перез ги најави Ибрахима Конате и Дензел Дамфрис како први летни засилувања за време на претседателската кампања, но први две кои сега се официјално потврдени од клубот се Марк Кукурелја и Бернардо Силва.
По официјалната информација за ангажманот на шпанскиот репрезентативен лев бек, Реал Мадрид денеска ја извести јавноста и за аквизицијата на искусниот португалски репрезентативец, кој во изминатите девет години освои се што може да се освои во Манчестер Сити.
Иако сериозно се поврзуваше со трансфер во Барселона и Атлетико Мадрид, победата на Перез на претседателските избори значително ги промени условите за Силва, кој по барање на Жозе Мурињо многу брзо се договори со „кралскиот клуб“.
Реал Мадрид во својата вест информира дека Бернардо добива двегодишен договор, а и тоа потврдува дека Флорентино како претседател направил голем исклучок за да му ја исполни желбата на Мурињо.
Перез нема пракса да дава договори подолги од една година на играчи кои имаат над 30 години, но 31-годишниот Силва сега доби двегодишен договор и ќе биде на „Бернабеу“ најмалку до 2028-ма година.
Comunicado Oficial: Bernardo Silva.
— Real Madrid C.F. (@realmadrid) June 17, 2026







