Шукер: Модриќ ќе се врати во Реал ова лето

Дерби

17/06/2026

13:32

202

Големина на фонт

а а а

Лука Модриќ ја заврши сезоната на непосакуван начин во Милан и не успеа да му помогне на тимот да избори место во Лигата на шампионите, па какошто стојат работите, тоа ќе биде пресудно да не става потпис на нов договор со „росонерите“.

Иако планот беше да остане уште една сезона во Милан и да го води тимот во најелитното европско натпреварување, завршното разочарување драстично ги промени плановите, па сега се поизвесно е дека хрватскиот маестро ќе се одјави по крајот на Светското првенство.

Угледниот „АС“ пред три недели излезе со ексклузивна информација дека Модриќ ќе стави крај на кариерата и дека ќе доби директорска улога во Реал Мадрид, а сега таквите шпекулации ги засили уште еден легендарен Хрват, славниот голгетер Давор Шукер.

Во изјава за „Марка“, Шукер нагласи дека Модриќ е подготвен за нов чекор во својата кариера, но овојпат во малку поразлична улога од онаа на фудаблскиот терен.

– Постојано ме прашуваат дали Модриќ ќе остане во Милан, или ќе се врати во Мадрид. Мое лично убедување е дека ќе се случи нешто со Реал. Сигурен сум дека ќе се врати ова лето во Реал, но не знам на кој начин и за каква улога. Да почекаме да пројде Светското првенство, па ќе видиме што точно ќе се случи, – изјави Шукер за „Марка“.