[ВИДЕО] Нови клупи и корпи на кејот на Вардар, продолжува и чистењето на коритото, соопшти Град Скопје

Макфакс

17/06/2026

16:50

184

Големина на фонт

а а а

Кејот на Вардар во Скопје се уредува со поставување нови клупи и корпи за отпадоци, а Град Скопје продолжува и со акциите за чистење на коритото на реката за подобрување на условите за престој и рекреација.

Кејот на реката Вардар добива нов и поуреден изглед со поставување нова урбана опрема.

На една од најпосетуваните локации во главниот град поставени се нови клупи и корпи за отпадоци, со цел подобрување на условите за престој, рекреација и спорт на граѓаните.

Од Град Скопје посочуваат дека со новата опрема просторот станува почист, пофункционален и попријатен за сите посетители.

Паралелно со овие активности продолжуваат редовното одржување на кејот и акциите за чистење на коритото на реката Вардар на територијата на градот.