Судијата откри што изјавил Коста К. во психијатриската клиника по масакрот во српското училиште

Макфакс

18/06/2026

19:50

480

Големина на фонт

а а а

Судијата во Белград откри што изјавил Коста К. додека престојувал во психијатриската клиника по масакрот во училиште „Владислав Рибникар“. Малолетникот променил својот исказ и зборувал за своите емоции, вера и однос со родителите, додека судот ги изрече казните за неговите родители.

Момчето убиец од „Рибникар“ за време на сведочењето го променило својот исказ, а судијата, читајќи го образложението на пресудата за Владимир и Миљана Кецмановиќ, која денеска беше изречена во Вишиот суд во Белград, открил дека Коста К. зборувал за тоа дека се променил и дека поинаку гледа на своите родители.

Имено, Коста К., додека престојувал на Клиниката за неврологија и психијатрија за деца и млади, каде што е сместен од моментот на масакрот во Основното училиште „Владислав Рибникар“, изјавил дека размислувал за случувањата и сфатил дека не требало да го изврши масакрот.

„Сега подобро ги разбирам ситуацијата и емоциите“, навел малолетникот, а овие детали денес ги открил судијата во образложението на пресудата.

Според наводите, момчето истакнало дека почнало да верува во Бог и дека се исповедало, јавуваат српските медиуми.

„Сега подобро ја разбирам мајка ми и нејзиното однесување. Погрешно ја толкував безусловната љубов на родителите“, изјавил тој.

Односот меѓу Миљана Кецмановиќ и Коста К. останува едно од најинтригантните и најтешко објасниви прашања во целиот случај „Рибникар“.

Како што претходно беше објавено, судијата во образложението на пресудата изнел вознемирувачки психолошки увид во размислувањата на Коста К. Наведено е дека на денот на масакрот имал намера да ја повика мајка си, но се откажал поради силен страв од нејзината реакција.

Според судот, неможноста за комуникација меѓу мајката и синот довела до заклучок дека, под притисокот со кој растел, нему му било „полесно“ да изврши масовно убиство отколку да ѝ се довери на сопствената мајка.

Во Вишиот суд во Белград денеска

беше изречена првостепена пресуда за Владимир и Миљана Кецмановиќ, родители на Коста К., кој на 3 мај 2023 година изврши масовно убиство во училиштето „Владислав Рибникар“.

Според одлуката на судот, таткото Владимир Кецмановиќ е осуден на 14 години и шест месеци затвор.

Тој беше обвинет дека го обучувал својот малолетен син да ракува со огнено оружје и дека не обезбедил соодветни услови за чување на оружјето и муницијата во домот, што му овозможило на момчето да дојде до пиштол и да го изврши злосторството.

Мајката, Миљана Кецмановиќ, е осудена на две години и 11 месеци затвор.

Таа беше обвинета поради сомневање дека била директно вклучена во воспитувањето и другите аспекти од животот на момчето, а на товар ѝ се става и кривично дело занемарување и злоупотреба на малолетно дете.