Трамп тврди дека Стармер ќе се повлече од функцијата премиер

Макфакс

21/06/2026

17:35

204

Големина на фонт

а а а

Американскиот претседател Доналд Трамп изрази уверување дека британскиот премиер Кир Стармер ќе поднесе оставка, поради неуспеси во имиграциската и енергетската политика, додека британската влада засега не упати официјална реакција.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека очекува британскиот премиер Кир Стармер да поднесе оставка, обвинувајќи го за неуспеси во имиграциската и енергетската политика.

Во објава на својата социјална мрежа Трут Соушл, Трамп напиша дека Стармер „ќе поднесе оставка од функцијата премиер на Обединетото Кралство“, додавајќи дека сериозно потфрлил во двете области – имиграција и енергија, со посебен акцент на експлоатацијата на нафтата од Северното Море.

Од британската влада засега нема официјална реакција на тврдењата на Трамп.

Во меѓувреме, Би-Би-Си јави дека можно е Стармер уште утре да објави временска рамка за негово повлекување од премиерската функција, повикувајќи се на извори од владините кругови.

Според тие информации, дел од добро упатени извори сметаат дека британскиот премиер би можел наскоро да го соопшти своето заминување, поради промени во политичката ситуација во земјата.