Утре изменет режим на сообраќај на експресниот пат А4 Штип – Радовиш

Макфакс

22/06/2026

13:50

248

Големина на фонт

а а а

Министерството за внатрешни работи известува за воведување на изменет режим на сообраќај на експресниот пат А4 Штип – Радовиш поради технички активности утре во утринските часови. Сообраќајот ќе се пренасочува преку регионалниот пат, со апел за почитување на правилата и наредбите од полицијата.

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека утре, 23 јуни (вторник), во периодот од 05.00 до 09.00 часот, поради изведување на технички активности, ќе биде воведен изменет режим на сообраќај на експресниот пат А4 Штип – Радовиш, на делницата од клучка Софилари до клучка Долани.

Во наведениот период, полициските службеници ќе го пренасочуваат сообраќајот по регионалниот пат Р1204 Штип – Радовиш.

Министерството за внатрешни работи апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат униформираните полициски службеници, како и да се придржуваат кон сообраќајните правила, прописи и поставената сообраќајна сигнализација, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.