Земјата на мразот ја погодија пожари - жителите и експертите загрижени: „Ова не значи дека секоја година ќе биде полоша, но...“

Точка

24/06/2026

19:03

638

Големина на фонт

а а а

За само една недела на Гренланд избувнаа два пожари, што е нечуено за овој арктички остров, па загриженоста на жителите и научниците е сосема разбирлива.

Според сателитските снимки, пожарите гореле на 14 и 15 јуни во близина на Сисимит, втор по големина град во Гренланд и популарна туристичка дестинација, а само два дена подоцна, уште еден пожар е регистриран на југот од островот.

„Пожарите во вегетацијата на далечниот север се почести во јули и август“, изјавил д-р Марк Парингтон, виш научник во атмосферската опсерваторија Коперник.


Поголемиот дел од Гренланд е покриен со огромна ледена покривка, но значаен дел од островот се состои од тундра без мраз, па затоа пожарите во овие области стануваат сè почести.

Соња Дијаз, научник од Одделот за истражување на климатските промени на Универзитетот во Хелсинки, изјави дека за да се појават пожари во овие региони, условите мора да бидат доволно топли и суви.

Помеѓу 1995 и 2007 година, не е регистриран пожар

Една студија за пожари во области без мраз во западен Гренланд покажа дека не се регистрирани пожари помеѓу 1995 и 2007 година. Сепак, од 2008 до 2020 година, регистрирани се 21 пожар, вклучувајќи големи пожари во 2017 и 2019 година.

Климатските промени го затоплуваат Арктикот четири пати побрзо од остатокот од планетата.

Земја од мраз

„Општата идеја што луѓето ја имаат за Гренланд е дека е земја од мраз. Тоа е вистина - поголемиот дел од островот е под мраз, но има и области без мраз покриени со тундра. И тие можат да се запалат и да изгорат“, изјавил инженерот за животна средина Лукас Дијаз.


Временските услови погодни за пожари стануваат сè почести поради загадувањето предизвикано од фосилните горива и уништувањето на природата, што доведе до затоплување на планетата за околу 1,3°C.

„Ова не значи дека секоја година ќе биде полоша од претходната и дека ќе имаме сè повеќе пожари од година во година. Но, она што го гледаме е дека условите што создаваат средина погодна за појава на пожари стануваат сè почести“, изјавил Дијаз.