Дигитална трансформација на системот за бесплатна правна помош

Макфакс

24/06/2026

13:30

200

Големина на фонт

а а а

Министерот за правда во соработка со Советот на Европа потпишаа договор за создавање на нов дигитален софтвер кој ќе го подобри системот на бесплатна правна помош во Северна Македонија, овозможувајќи поефикасно управување и полесен пристап за граѓаните.

Министерот за правда Игор Филков и раководителот на Програмската канцеларија на Советот на Европа во Скопје, Олег Солдатов, потпишаа договор за поддршка на изработката на нов софтвер за бесплатна правна помош, кој ќе овозможи поефикасно и поквалитетно управување со целиот процес.

Со воведувањето на дигитално решение, постапките ќе станат побрзи, поедноставни и потранспарентни. Софтверот ќе овозможи ефикасно управување со предметите, побрза обработка на барањата и подобра координација помеѓу сите институции и даватели на бесплатна правна помош.

За граѓаните, ова значи полесен пристап до услугите, поголема достапност на информациите и поедноставено остварување на правото на бесплатна правна помош. На овој начин се зајакнува пристапот до правда и се обезбедува подобра заштита на правата на сите граѓани.

Оваа активност, реализирана со поддршка на Советот на Европа, претставува значаен исчекор кон современ, ефикасен и дигитализиран систем на бесплатна правна помош во Република Северна Македонија.