Дукати вчера го потврди Маркез, а денеска официјализираше „бомбастична“ замена за Бањаја во црвените бои

Дерби

24/06/2026

16:41

286

Големина на фонт

а а а

После сите најави кои претходеа во изминатите неколку недели, Дукати Леново се реши прв да повлече клучни потези околу иднината, односно уште отсега ги најави двајцата возачи кои ќе бидат лидери на проектот во наредните две години.

Од наредната сезона, Мото ГП возбудувањата ќе се одвиваат во сосема поинакви услови и ќе има сосема нови агрегатите со зафатнина од 850 кубни сантиметри (850cc), а огромната промена ги натера најпознатите тимови брзо да реагираат на трансфер пазарот.

Дукати вчера ја објави најважната вест и му го продолжи договорот на актуелниот шампион Марк Маркез до 2028-ма година, а денеска го потврди и она што се шушкаше во јавноста веќе некое време.

Фабричкиот тим на Дукати денеска се збогуваше со најуспешниот возач во историјата на тимот и најави дека Пеко Бањаја ќе го напушти семејството на крајот на оваа сезона, а многу брзо ја соопшти и неговата бомбастична замена.

Имено, нов возач на Дукати ќе биде талентираниот Педро Акоста, младиот Шпанец кој од следната сезона ќе води битка рамо до рамо со деветкратниот светски шампион, Марк Маркез.

Популарната „ајкула“ оваа сезона вози за КТМ, но како возач кај кого многумина гледаат шампионски материјал, навистина ќе биде интересно да се гледа во мотоцикл кој ќе биде конкурентен за победа на секоја трка.